Спорт

Вардар го смени Андон Бошковски?

Вардар го смени Андон Бошковски?

Македонскиот ракометен шампион Вардар непосредно пред дерби дуелот со Металург во СЕХА лига направи промени по што го отпушти досегашниот тренер Андон Бошковски, објави порталот „мкд.мк“. Сега не е јасно кој ќе ги води „црвено-црните“ ракометари на дербито, но тоа ќе биде веќе четврта опција на клупата.

Според шпекулациите, на клупата вечерва на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде или Горан Симиќ, кој и досега беше дел од стручниот штаб, или пак би можел да се појави и Пепи Манасков, кој неодамна беше ангажиран за да работи со младинските категории во клубот.