Вардар гостува кај Нексе, Металург кај Партизан

Македонскиот ракометен шампион по поразот од Војводина во СЕХА лига, денеска (17.00 ч) во рамките на 15. коло ќе имаат шанса за поправен на гостувањето кај Нексе во Осијек. Вардарци одат на победа на овој натпревар со која ќе се задржат на третата позиција на табелата, која обезбедува учество на фајнл фор турнирот што ќе се одржи во Нови Сад (11 – 13 април).
Натпреварот од 15. Коло денеска (18.00) часот ќе го одигра и вицешампионот Металург. Избараниците на тренерот Лино Червар, му гостуваат на Партизан. Овој натпревар ќе биде одлична можност за “металурзите” да се рехабилитираат од поразот на гостувањето кај Нексе.