Вардар и Горење го отвораат второто коло во СЕХА лигата

Фото: seha-liga.com

Со натпреварот меѓу македонскиот шампион Вардар и Горење од Словенија, попладнево во 17 часот и 30 минути стартува 2-то коло од регионалната ракометна СЕХА лига.

Дуелот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Покрај овој натпревар денеска на распоредот е и средбата меѓу Нексе и Војводина (почеток 19:15 часот).

Утре на програмата се другите три натпревара:
Татран Прешов – Загреб,
Цеље – Мешков Брест и
Динамо Панчево – Металург.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.