Спорт

Вардар и Металур утре ќе ги добијат противниците за 1/8 финалето во ЛШ

Вардар и Металур утре ќе ги добијат противниците за 1/8 финалето во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар и вицешампионот Металург, утре ( 12.00 ч) во седиштето на Европската ракометна федерација ќе ги добијат противниците за 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Според пропозициите првопласираните од групите ќе играат против четвртопласираните, а второпласираните против третопласираните, а екипи кои биле во иста група не може да играат во осминафиналето.
Според тоа потенцијални ривали на Вардар се: Веспрем (Унгарија), Кил и Хамбург (Германија), а потенцијални ривали на Металург се: Рајн Некар Ловен и Флензбург (Германија) и Колдинг (Данска).

Прв шешир: Веспрем (Унгарија), Кил (Германија), Барселона (Шпанија), Хамбург (Германија)
Втор шешир: Р.Н. Ловен (Германија), Колдинг (Данска), ПСЖ (Франција), Флензбург (Германија)
Трет шешир: Цеље (Словенија), Кјелце (Полска), Металург (Македонија), Горење Велење (Словенија)
Четврти шешир: Мотор Запорожје (Украина), Висла Плок (Полска), Вардар (Македонија), Алборг (Данска)