Вардар и Металург дефинитивно ќе се сретнат на 2 и 8 мај

Македонскиот ракометен шампион Вардар и вицешампион Металург конечно се договорија кога да ги одиграат дерби дуелите во рамките од плејофот во Суперлигата по кои се очекува разврската за шампионската титула. Вардар ќе го пречека Металург на 2 мај, додека „металурзите“ ќе бидат домаќини на црвено – црните шест дена подоцна, на 8 мај.

Вардарци најавија дека ќе бидат домаќини во СЦ „Борис Трајковски“, иако тоа засега не е потврдено, а Металург ќе треба да се изјасни во која сала ќе го пречека големиот ривал Вардар.