Вардар и Металург ќе ја отворат новата сезона во СЕХА лига

Ракометарите на Вардар и Металург ќе ја отворат новата сезона во Регионалната СЕХА Лига на 2 септември. Во новата сезона во ова натпреварување ќе учествуваат 10 екипи , а лигата треба да заврши на 15 март 2015 година. На местото на Ловќен во лигата ќе настапи Веспрем, кој веќе го потпиша договорот со челниците на ова натпреварување.

Одлуката на раководството на СЕХА лигата е да нема „дуплирање“ на термините на клубовите од истите земји, па клубовите од Србија, Македонија и Хрватска од каде доаѓаат по две екипи ќе играат меѓусебе со цел да се избегнат двојни термини. Слишно беше и лани, кога во првото коло играат Вареуро2014
дар и Металург, и ремизираа 28:28.

Фајнлфор турнирот во СЕХА лигата ќе се одржи од 27 до 29 март 2015 година, а местото на одржување дополнително ќе биде одредено.

Двојки за првото коло:
Нексе – Загреб
Мешков – Борац
Вардар – Металург
Раднички – Војводина
Таран – Веспрем