Вардар и Шкендија во соработка со ФФМ и МВР ќе се борат против националзимот на стадионите

Екипите на Вардар и Шкендија ќе одиграат два натпревари меѓусебно во рок од само три дена, и тоа најпрво во недела ќе играат во Тетово во рамките на домашното фудбалско превенство, а три дена подоцна ќе се сретнат во Скопје, на арената Филип Втори, каде ќе се игра реванш дуелот од Купот на Македонија.

Со оглед на последните случувања на квалификациониот натпревар во Белград помеѓу Србија и Албанија, ФФМ најави дека домаќините ќе бидат најостро казнувани доколку се појават националистички провокации на трибините.

„Не сакаме домино ефект од случувањата во Белград, ќе ги почитуваме правилата на УЕФА а тоа е прекин од три чекори, најпрво опена, потоа краток прекин за предупредување, доколку и тоа не помогне, следува прекинување на натпреварот”.

Според информациите од ФФМ, од двата клуба добиле цврсти гаранции дека се превземаат сите потребни мерки натпреварите да поминат во најдобар ред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.