Свет

Вардар купува напаѓач на Левски

Вардар купува напаѓач на Левски

Како што пишуваат бугарските медиуми Вардар и Левски се договориле за трансфер на напаѓачот Валери Домовчијски.

Напаѓачот начелно ги договорил личните услови со македонскиот најтрофеен клуб, а останува само да се договорат и најситните детали.

Како што објавија бугарските медиуми, Вардар на Левски ќе треба да му плати околу 100.000 евра за услугите на овој фудбалер.

Дали трансферот ќе се реализира или не, ќе биде познато најдоцна до крајот на оваа недела.

Освен за бугарските тимови Марица, Левски, Ботев и Черно море, Домовчијски играл и за германските Херта и Дуизбург.

Напаѓачот има 28 години и во првиот дел на сезоната во дресот на Левски постигна пет голови.