Вардар лесно се справи со Металург Јуниор

По поразот од Металург, ракометарите на Вардар се вратија на победничкиот пат во Суперлигата, откако убедливо славеше над Металург Јуниор со 37:22 (18:-9).

„Црвено-црните“, без никакви проблеми ги разрешија дилемите околу победникот на оваа средба, откако уште во првиот дел стигнаа до девет гола позитива, што до крајот дополнително ја зголемија.

Тренерот на црвено – црните Раул Гонзалес, иако со комбиниран тим, лесно дојде до однапред испланираната победа, над младите надежи на Металург Јуниор, во пресрет на завршниот турнир од Купот на Македонија што ќе се одржи следниот викенд во Охрид. Најефикасен во клубот од Автокоманда со шест погодоци беше Филип Талевски, додека стрелци на по четири погодоци беа Маџовски и Манасков.