Вардар – Металург ќе се игра во СЦ Борис Трајковски

Натпреварот меѓу македонските лути ракометни ривали Вардар и Металург во рамките на СЕХА Лига, ќе се игра во спортскиот центар Борис Трајковски.

Поради големиот интерес што владе за дербито на полузесоната, раководството на македонскиот шампион реши да им даде можност на што поголем број симпатизери, во живо да следат уште една пресметка на големите ривали.
По освојувањето на шампионската титула на Вардар, во новата сезона двата македонски преставници во Лигата на шампионите одиграа меѓусебе три натпревари, од кои двата тима добија по еден, и еднаш играа нерешено.
Првиот натпревар во ова натпреварување меѓу овие два тима заврши без победник, 28:28 (14:14). Вториот дерби дуел се одигра во петтото коло од Лигата на шампионите, а тогаш триумфираше македонскиот шампион Вардар со 27:22 (14:9). Возвратниот дуел од елитното клупско натпреварување му припадна на Металург, со 26:18 (10:12).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.