Вардар на колена пред Крилја Советов

Рускиот прволигаш, Крилја Советов, сепак се покажа како преголем залак за актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар.
Четвртиот пријателски натпревар во Анталија сосема заслужено заврши со триумф на рускиот прволигаш од 3:1, а својот деби погодок во “црвено-црниот” дрес го постигна поранешниот репрезентативец на Македонија, Илчо Наулоски.

Шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев на дуелот со Крилја Советов настапи со следниот состав: Ристовски, Рељиќ, Бојовиќ, Трниниќ, Лазаревски, Таневски, Блажевски, Грозданоски, Ловречич (28’ Симјановски), Ѓорѓиев и Наумоски (52’ Бујчевски). Уште играа: Стојчевски, Димитровски, Петров, Асани, Цикарски, Деспотовски