Вардар налета на Веспрем, Металург на Кил во групната фаза од ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Маталург и вице шампионот Вардар добија тешки противници во групната фаза од Лигата на шампионите. Црвено – црните во својата прва сезона како директен учесник во фазата по групи во Лигата на шампионите се најдоа во групата Ц со Унгарскиот Веспрем, вице шампионот во Бундеслигата Рајн Некар, шампионот на Словенија и Русија, Цеље и Чеховски Медведи, како и третопласираниот тим во францускиот шампионат и поранешен европски шампион, Монпеље.

Металург е во групата А, каде ќе ги одмери силите со Кил, Загреб, ПСЖ, Натурхаус Ла Риоха и квалификантот од групата “1”.

ГРУПИ

Група А: Кил, Металург, Загреб, Ла Риоха, ПСЖ, квалификант 1
Група Б: Барселона, Колдинг, Алингсас, Висла Плок, Фленсбург, квалификант 3
Група Ц: Веспрем, Целје, Чеховски медведи, Рајн-Некар, ВАРДАР, Монпелје.
Група Д: Кјелце, Данкерк, Кадети Шафхаузен, Пик Сегед, Алборг, квалификант 2