Вардар немоќен и против Пелистер

Најинтересниот натпревар од вонредното 29. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу вечните и директни ривали во борбата за шампионската титула, Вардар и Пелистер, заврши и без победник и без погодоци.

Вториот дерби натпревар исто така одигран на националната арена “Филип Втори”, помеѓу екипите на Работнички и Металург, заврши со минимален триумф на “зелените” од Автокоманда од 2:1.

Без победник, 1:1, заврши дуелот помеѓу екипите на Хоризот Т. и Ренова, а убедлива победа од 4:0 во дуелот против гостинот од Кичево, екипата на Напредок, забележаа фудбалерите на Шкендија.

Резултати: БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 3:0, ШКЕНДИЈА – НАПРЕДОК 4:0, Х.ТУРНОВО – РЕНОВА 1:1, ЕУРОМИЛК ГЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:1, РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ 1:2, ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 0:0. Табела: Работнички 53, Металург 53, Турново 51, Пелистер 51 , Вардар 49, Шкендија 45, Брегалница 42, Ренова 37, Еуромилк 35, Македонија ЃП 26, Напредок 14, Гостивар 14.