Спорт

Вардар обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Македонија

Вардар обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Македонија
Екипата на Вардар успеа да се пласира во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија откако попладнево на Градскиот стадион во Тетово ја совлада екипата на третолигашот Скендербеу со 9:0 (5:0).

Стрелци на головите за шампионот Вардар беа: Дарко Глишиќ 16 минута, Евгениј Новак 21, Обрегон 25 и 70, Хофханес Хамбарџумјан 45 (пенал), Петар Петковски 45+2 и 66, Влатко Грозданоски 60 и 62.
Пласман во осминафиналето веќе имаат обезбедено: Работнички, Шкупи, Силекс, Ренова, Пелистер, Победа, Брегалница, Младост, Кожув, Новаци, Металург, Тетекс, Академија Пандев и Хоризонт Турново.
Последниот осминафиналист ќе биде познат следната среда (31.август) кога се игра дуелот меѓу Големо Коњари и бранителот на Купот Шкендија Тетово. Овој натпревар е одложен поради настапот на тетовската екипа во баражот од Лига Европа со белгиски Гент.