Вардар опуштено против Војводина

Ракометарите на Вардар, утре (17.45 ч) во СРЦ Кале ќе играат против Војводина во рамките на 14. коло во Регионалната СЕХА Лига.

“Утре не очекува многу важен натпревар. Победата во Прешов ни ја олесни ситуацијата за да влеземе порастеретено во утрешниот дуел, во кој очекуваме да ги освоиме бодовите кои ни се потребни за финалниот турнир. Ние секогаш се бориме за победа, без оглед против кого играме, но најважно ни е да ја воиграме екипата што подобро, затоа што целта ни е постојано да ја унапредуваме формата. Што се однесува до нашите амбиции, најпрвин треба да се избориме за настап на “Фајнал фор“, а потоа да се бориме за највисок пласман“, изјави тренерот на црвено -црните, Раул Гонзалез Гутиерез,
“Имавме напорни седум дена, и физички а и психички, во кои одигравме два тешки натпревара. Војводина има одлична екипа, особено во одбраната, каде што играат многу цврсто, но ние ќе влеземе максимално мотивирани и ангажирани, и затоа верувам дека нема да имаме проблеми да дојдеме до победата“ изјави бекот на македонскиот шампион Вардар, Илија Абутовиќ.