Спорт

Вардар осетно засилен со Филип Ивановски

Вардар осетно засилен со Филип Ивановски

Повремениот репрезентативец на Македонија, Филип Ивановски, повторно ќе го облече дресот на актуелниот шампион и најтрофеен фудбалски клуб во нашата земја, Вардар.

Од канцеларијата на ФК Вардар потврдија дека е договорена новата соработка со искусниот напаѓач и дека до стартот на подготивките за пролетниот дел од сезоната ќе бидат дефинирани сите детали околку должината на договорот.
Ивановски во изминатиот период го носеше дресот на казакстанскиот прволигаш Астана, но пред неколку дена го раскина договорот и на националната арена “Филип Втори” ќе се пресели како слободен фудбалер.

Следен на листата со фудбалери кои би требало да го засилат Вардар за време на зимскиот преоден рок е одличниот играч за врска од редовите на српскиот прволигаш Јагодина, Предраг Ранџеловиќ но преговорите околу неговиот кам-бек во Скопје се уште се во почетна фаза.