Спорт

Вардар ослабен на гостувањето кај Веспрем

Вардар ослабен на гостувањето кај Веспрем

Стојанче Стоилов и Сергеј Горбок не отпатуваа за возвратниот дуел кој Вардар ќе го игра против Веспрем во Унгарија.

Токму на мечот против унгарскиот шампион кој се играше во Скопје, Стоилов и Горбок заработија незгодни повреди поради кои нема да можат да им помогнат на своите колеги на ова тешко гостување.

Тренерот Раул Гонзалез не сакаше да ризикува со повредите на овие двајца ракометари, кои и тоа како ќе бидат потребни во понатамошните натпревари. Добра вест за “црвено-црните” е што во експедицијата која замина за Унгарија се наоѓа и Илија Абутовиќ, кој ја одлежа суспензијата од еден меч и ќе биде во комбинација за настап против Веспрем.

По пет одиграни натпревари во ЛШ, екипата на Вардар се наоѓа на втората позиција на табелата со 7 бода, три помалку од лидерот Веспрем, а на трето место е Рајн Некар со 6 бода.