Вардар подготвен за Кјелце

Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Санадански“ го играат првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Полскиот шампион Кјелце е новиот ривал за „црвено-црните“. Во претходната рунда Вардар ја елиминираше полската екипа Висла, а минатата сезона во натпреварите од нок аут фазата играше се две германски екипи: Хамбург и Флензбург.

Вардар изминативе денови се подготвуваше за дуелот со Кјелце, а тренерот Раул Гонзалес истакна дека двете полски екипи Висла и Кјелце се слични во стилот на играта, но дека нијансите се на страната на Кјелце.

Избраниците на Гонзалес кои беа на листата на повредени се рехабилитираа и за очекување е Вардар во најсилниот состав да се појави пред полните трибини. Гостите од Полска веќе тренираа во СЦ „Јане Сандански“, но вистинската атмосфера ќе ја почуствуваат вечерва.

Посебен белег на натпреварот е дуелот на синот и на таткото: Алекс Душебаев (Вардар) и Талант Душебаев (Киелце)

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

На првиот четвртфинале натпревар во четвртокот Барселона како гостин го победи ППД Загреб со 25:23. Другите два натпревара од оваа рунда се играат во недела: ПСЖ – Весперм и ПИК Сегед – Кил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.