Спорт

Вардар подобар од Работнички во заостанатиот лигашки натпревар

Вардар подобар од Работнички во заостанатиот лигашки натпревар
(фото: fkvardar.mk)

Шампионот Вардар го победи Работнички со 1:0 попладнево во заостанатиот натпревар од 12 прволигашко коло.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Тигран Барсегјан во 78.минута по акцијата која ја започна Фелипе од левата страна.

Со оваа победа „црвено-црните“ му се реваншираа на соседот за поразот на првиот меѓусебен дуел кога Работнички славеше со 3:1.

По овој дуел со кој се комплетира 18.коло во Првата македонска фудбалска лига се затвора календарската 2017 година.

Првото место на полусезоната е за Шкендија која собра 46 бода, Вардар е втор со 38, следуваат Силекс 31, Академија Пандев 25, Работнички 23, Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16 и Скопје 10.

Последниот годинашен натпревар од мак-фудбалот е закажан за в недела кога се игра реваншот од 1/8финалето во купот меѓу Шкупи и Вардар.