Вардар поразен од Работнички, Наумовски тешко повреден

Најинтересниот натпревар од 22. коло во македонската Прва лига, дуелот помеѓу соседите, Работнички и Вардар, заврши со заслужен триумф на условно кажано “домаќинот” од 2:1.

Вардар дојде во водство во 37 минута со прекрасниот погодок на малдиот играч за врска, Јасип Асани, а во финишот од првото полувреме, Работнички израми со погодокот на поранешниот “вардарец”, Борче Маневски.

Погодокот вреден три бод, постигнат во 54 минута, беше дело на Баже Илијоски.

Тешка повреда на стартот од натпреварот доживеа поранешниот репрезентативец на Македонија и најзвучно зимско засилување на Вардар, Илчо Наумоски.

Според првичните информации, искусниот напаѓач се здоби со скршеница во делот нешто над зглобот од левата нога. Напаѓачот на Вардар веднаш со амбулатното возило беше префрлен во Градската болница во Скопје.

Минимален, но сосема заслужен триумф од 2:1 над фаворизираниот тим на Металург, забележаа фудбалерите на Брегалница.