Македонија

Вардар порибен со ендемична пастрмка

Вардар порибен со ендемична пастрмка

Пет илјади парчиња ендемична пастрмка денеска беа пуштени во водите на Вардар, кај хотелот Александар Палас.

Одделението за туризам, при Секторот за ЛЕР, во своите – Програми за развој на туризмот и подобрување на условите за престој на туристите на градот Скопје од  2008, до 2015 година, ја предвидува и реализира – Активноста – Порибување на водите во Р. Македонија, односно водите на реката Вардар и Треска и езерото Матка.

Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа  и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак. Доколку ова не се направи постои реална опасност засекогаш да се изгубат  овои специфични видови риба, наше природно богатство и наш симбол.

pastrmka1

Исто така, проектот ќе придонесе за заштита на македонската пастрмка како дел од богатото природно наследство, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности со цел да се воспостави економски возможен, одржлив и локално базиран еколошки туризам.

На порибувањето присуствуваа Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претставници од Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат, Министерсвото за животната  средина и просторно планирање и ГЕФ.