„Вардар“ постави нов рекорд во СЕХА лигата

Ракометарите на „Вардар“ со победа го завршија регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата и поставија нов рекорд во однос на освоените бодови.

Во последното коло „Вардарци“ беа поуспешни од хрватскиот тим „Нексе“ и го добија натпреварот со 29:25, што беше 17 победа сезонава.

Европскиот шампион имаше и еден нерешен резултат сезонава, со што го надмина рекордот на унгарски „Веспрем“, кој исто така беше без пораз во сезоната 2015/16 но имаше две нерешени средби.

Кој ќе биде противник на „Вардар“ на фајнл-фор турнирот кој ќе се игра во Скопје ќе биде познато по комплетирање на останатите мечеви од последното коло во СЕХА.