Вардар пристигна во Германија, Прибак остана дома

Ракометарите на Вардар пристигнаа во Германија, каде утре го играат мечот против екипата на Рај Некар.

Со екипата не отпатува Немања Прибак, кој поради повреда на рамото не може да настапи на овој меч.

Инаку, дуелот меѓу Рајн Некар и Вардар нема да се игра во САП Арената во Мајнхајм, туку во салата во Харес Центар.

Оваа сала може да прими 2600 гледачи и е многу помала во однос на САП Арената, која е со капацитет од 14.500 гледачи.

За овој натпревар имаше голема заинтересираност од нашите навивачи кои живеат во Германија и кои сакаа да го следат овој меч во живо, но поради малиот капацитет на салата, според информациите вардарци ќе имаат подршка од околу 130 навивачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.