Вардар пушти дополнителни 350 билети за дуелот со Хамбург

Македонскиот ракометен шампион Вардар пушта во продажба дополнителни 350 билети на билетарата во СЦ Борис Трајковски за дуелот со екипата со Хамбург во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Челниците на Вардар ги пуштија билетите во продажба откако тие се вратени во клубот од он-лајн продажбата, од причина што биле резервирани а не биле платени во потребниот рок.