„Вардар“ рутинирано против „Стеауа“

Ракометарите на „Вардар“ ја продолжи победничката серија во СЕХА Газпром лигата со триумфот над „Стеауа“ Букурешт со 27:21 (15-11), за останување на лидерското место на табелата со максималан број бодови.

Дебитантот во СЕХА лигата, „Стеауа“ допатува во Скопје со 13 ракометари што само покажа дека и не се надеваа многу на некој голем успех. Вардар доминираше, ја имаше контролата над резултатот и неизвесно беше само со кој резултат ќе заврши средбата.

Триумфот на „Вардар“ против „Стеауа“ му донесе и нов клупски и СЕХА рекорд на нашиот тим – 30 натпревари по ред без пораз, и 29 победи во истиот период.

Тренерот Парондо уште во почетниот состав ги стави Калараш и Војводиќ. Шанса за играње добија и Поповски, Мишевски, Кизиќ и Недановски. Игравме без Вуко Борозан и повредените Горбок и Стоилов. Новото засилување Грегор Оцвирк конечно дебитираше за „црвено-црните” и  постигна два гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.