Вардар рутински против Нексе

Македонскиот шампион Вардар  со 30:21 на гости кај хрватскиот претставник Нексе ја забележаа осмата победа во осмото коло од СЕХА лигата.

Нексе беше привидно рамноправен противник кој на моменти и имапе водство, во 19 минута со 9:8. Но, во тој момент европскиот шамппион профункционира со сетата моќност, па противникот следните седум минути не постигна гол. Истовремено Вардар направи серија од 6:1 предводен од Карачиќ и Криштопанс, по што на полувреме замина со солидна предност од 15:11.

Доминацијата на Вардар продолжи и во вториот дел, кога Нексе пет минути не постигна погодок. Вардарци ја зголемуваа разликата која во 54 минута достигна десет голови (28:18), по што следуваше разбирливо опуштање кај гостите.

Еден од факторите на овој меч во полза на Вардар беше голманот Страхиња Милиќ, кој мечот го заврши со 12 одбрани и фантастични 42,8 отсто одбранети удари. Меѓу стрелците се истакнаа Криштопанс со шест гола и Чупиќ и Циндриќ со по пет голови, а кај Нексе, Сршен предводеше со шест гола.

Ова е осма победа за Вардар во осум натпревар, со што има максимален ефект чело на табелата во СЕХА, додека Нексе остана на осмото место со пет бода и со само една победа.

Доколку се имаааат предвид и натпреварите во Лигата на шампионите, Вардар забележа 15 победи во 17 натпревари.