Вардар се излеа во Велес

Реката Пчиња повторно го преполни Вардар кој во саботата се излеа во Велес, по втор пат за две седмици, пишува Вест.

Поплавени се поголеми површини, во месноста Речани, Шорка, а половина од Градскиот парк е под вода. Поплавени се и големи површини под раноградинарски култури иако Вардар од завчера е понизок за половина метар во однос на највисокото ниво. Поради брзото надоаѓање на реката десетина семејства беа евакуирани со чамец од нивните домови.

Градскиот парк во Велес до половина е поплавен, вклучувајќи го и помошното фудбалско игралиште и тениските терени во изградба. Надојдената река Бабуна во долниот тек ги однесе сите пешачки мостови. Езерото Младост е со рекордно високо ниво и е пред прелевање. Надојдените суводолици Рудничка и Отовичка го преполнија езерото и недостигаат уште неколку сантиметри за да прелее преку браната. Надојдената вода ја смени и бојата на вештачката акумулација, од сина во жолта, пишува Вест.

 

Фото: П. Печков  (Вест)