Спорт

Вардар се надева на пласман на Ф4

Вардар се надева на пласман на Ф4

Македонскиот ракометен шампион Вардар за противник во 1/4 финалето во Лигата на шампионите го доби посакуваниот германски тим Фелнсбург. Токму затоа директорот на клубот Давор Стојановски верува дека тимот може да помине понатаму.

„Фленсбург е тимот што го посакувавме. Се надевам дека ќе успееме да поминеме понатаму. Не очекуваат тешки натпревари, но тренерот Раул Гонзалес и ракометарите максимално ќе се подготвуваат за уште еден дуел со германски тим“, изјави Стојановски.

Директорот на тимот на Фленсбург, Дирк Шмашке, истакна дека Вардар е силен тим и деа нема да им биде лесно да се пласираат на завршнот турнир.

Вардар е силен тим, го елиминира Хамбург. Ќе играме во жешка атмосфера во Скопје, но исто така и ние имаме голема поддршка од нашите симпатизери на наш терен. Не очекуваат тешки натпревари, а се надеваме дека Фленсбург ќе се пласира на завршницата во Келн“, истакна Шмашке.