Вардар се пласираше во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите

Вардар се пласираше во третото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Македонскиот првак триумфираше со 3-1 против Малме на возвратниот реванш во Струмица, откако ремизираше на првиот дуел во Шведска.

Црвено-црните обезбедија излез на меѓународната сцена и пред нив се најмалку три натпревари во квалификациите. Следен протвник им е данскиот првак Копенхаген.

Гостите поведоа во 15минута преку пенал кој го реализираше Маркус Розенберг, Бобан Грнчаров израмни на 1-1, а водството македонскиот шампион го зголеми откако бразилецот Фелипе не го реализираше пеналот, но Барсегјан ја прими топката и ја затресе мрежата на малме.

Конечните 3-1 ги постави Бобан Николов во самата завршница

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.