Вардар се прошета низ Гостивар

Уште еден сигурен триумф од 2:0, но сега на гостувањето во Гостивар, забележа актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар.

По убедливата победа над Напредок во минатото коло, „црвено-црните“  забележаа триумф и во дуелот против последнопласираниот тим во лигата.

Првиот погодок на натпреварот, постигнат во 68 минута беше дело на Филип Петров, а во 78 минута, во листата на стрелци се запиша и последната зимска аквизиција, Филип Ивановски.

На самиот старт од натпреварот, дефанзивецот на Вардар, Ловречич промаши удар од белата точка.

Идентичен триумф но сред Тетово и во дуелот против фаворизираниот тим на Шкендија, забележа екипата на Брегалница.

Од денешните натпревари во фокусот на фудбалското внимание ќе биде дуелот помеѓу екипите на Ренова и Пелистер, а фудбалерите на Хоризонт од Турново имаат обврска да забележат позитивен резултат во дуелот против големиот аутсајдер, екипата на Македонија ЃП.

Денеска на програмата: Металург – Еуромилк, Ренова – Пелистер, Напредок – Работнички, Македонија ЃП – Хоризонт Т.