Вардар се засили со репрезентативецот на Ерменија, Артак Дашијан

Репрезентативецот на Ерменија. Артак Дашијан и официјално е претставен како најнова аквизиција на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар.

Откако го потпиша понудениот 2-годишен договор, одличниот играч за врска изјави дека ќе даде се од себе во новата клупска сезона во која Вардар има само една зацртана цел, освојување на двојната круна.

„Среќен сум што потпишав за клуб кој има голема традиција и големи цели за во иднина. Ќе го дадам максимумот за остварување на целите кои се зацртани за следната сезона, а тоа е освојување на двојната круна“, изјави Артак Дашијан.
Извршниот директор на ФК Вардар, Самоил Симев е убеден дека со купувањето на Дашијан, “црвено-црните” го решија проблемот кој го имаа со офанзивната линија.

„Со потпишувањето на Дашијан ќе го решиме проблемот кој го имавме со креирањето на играта во офанзивата која беше болна точка на Ф.К. Вардар“ – изјави Симев.