Спорт

Вардар со Ивановски ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната

Вардар со Ивановски ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната

Актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар денеска, преку првата прозивка од страна на шефот на стручниот штаб Благоја Милевски, ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната 2013/2014.

Во следните десет дена, фудбалерите на Вардар ќе тренираат во Скопје, а потоа со подготовките се продолжува во Дојран. Во првата половина на февруари тимот ќе реализира финални подготовки во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе биде сместен во хотелот „Кремљ“.

„Прв наш собир во новата година, и веднаш стартуваме со тренинзи за продолжението од сезоната во која секако Вардар очекува и посакува одбрана на титулата. Според програмата десеттина дена најпрво ќе работиме во Скопје, а потоа продолжуваме на подготовки во Дојран. Финалната подготвителна фаза ќе биде во Анталија, Турција“, изјави по првиот тренинг тренерот Милевски за официјалната интернет страница на ФК Вардар.

На првиот тренинг недостасуваа Аце Стојков и Хорхе Хименез кои се со завршени договори, а со тимот, подготовките ги стартуваше и поранешниот капитен и најдобар стрелец Филип Ивановски.