Вардар триумфираше на последниот натпревар во СРЦ Кале

Ова беше натпревар исполнет со многу емоции, како поради враќањето во СРЦ „Кале“ на поранешниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ, така и поради тоа што ова беше последен меч на „црвено-црните“ во оваа сала.

Од сега Вардар своите мечеви ќе ги игра во СЦ „Јане Сандански“.

Со оваа победа Вардар се зацврсти на втората позиција на табелата во СЕХА ГСС лигата со 15 бода, три помалку од лидерот Веспрем. За екипата на ППД Загреб ова беше втор пораз сезонава во Регионалната лига, и сега се наоѓаат на четвртата позиција.

Што се однесува до натпреварот, српскиот интернационалец Марковиќ одигра симултанка постигнувајќи десет гола за Вардар, додека за гостинската екипа Степанчиќ упати седум прецизни удари.

Следниот предизвик за Вардар е дуелот од второто коло од Лигата на шампионите против тимот на Чеховски медведи, кој е закажан за 04.10 (сабота), од 19 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“.