Вардар триумфираше над Целје

Триумф на РК Вардар на првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ на гостувањето против Целје, остварија тешка победа 27:26 (12:12). Во натпревар во кој што имаше дури 24 исклучувања, ракометарите на Вардар предводени од неверојатниот Арпад Штербик, кој што натпреварот го заврши со 21 одбрана, стигнаа до посакуваните три бода, кои може да бидат и решавачки во натамошниот дел од сезоната во групната фаза.

Најрасположен за игра во нашата екипа беше Тимур Дибиров, кој постигна 11 гола, додека Душебаев беше стрелец на осум. На спротивната страна Зарабец упати 10 прецизни удари.

Во следното коло Вардар во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Чеховски Медведи, додека Целје му гостува на Монпелје.