Вардар убедлив на гостувањето кај Татран

Европскиот ракометен шампиони Вардар со убедливи 30:22 (14:13) победи на гостувањето кај Татран Прешов во 13-то коло од регионалната СЕХА лига, по ремито од минатото коло против Мешков Брест.

Во првото полувреме дуелот беш израмнет, „вардарците“ постојано беа во водство, но домашните ракометари секогаш фаќаа прилучок, па на полувремето се отиде со минимална предност за скопскиот тим од 14:13.

По одморот и советите од Раул Гонзалес во соблекувалната, на теренот во втората делница се врати многу посериозен во пристапот кон играта Вардар што резултираше со убедлива победа и конечните 30:22.

Тимур Дибиров беше најдобар и на овој меч, постигна девет голови, по пет пати реализираа Јања Војводиќ и Криштопанс. Одличен беше и Страхиња Милиќ со 12 интервенции.

По 13 одиграни натпревари Вардар им 37 бода и останува лидер на табелата.

Ова е 25-ти натпревар по ред на кој Вардар освојува бодови, што е нов клупски рекорд. Од тоа 13 натпревари се во СЕХА Газпром лигата, 10 во Лига на шампионите и еден во домашниот Супер Куп и еден во Супер Глоуб.

Овој натпревар беше и последен посилен тест на РК Вардар пред големото дерби против Барселона во Лигата на шампионите кој се игра на теренот на „блауграна“ одната сабота на 10-ти февруари.