ВИДЕО: Вардар во осминафиналето во ЛШ, тепачка на трибините во „Борис Трајковски“

Актуелниот шампион на Македонија го потврди својот квалитет во најпрестижното меѓународно натпреварување и се пласираше во осминафиналето во Лигата на Шампионите, откако во решавачкиот натпревар го совлада Динамо Минск со 30:22 (14:11).

Избраниците на тренерот Раул Гонзалез Гутиерез водеа од почетокот до крајот на натпреварот. Вардарци покажж цврста игра во напдот, а  со разноврсниот напад  во  текот на целиот натпревар ја возбудуваа публиката.

“Сериозно му пристапивме на овој натпревар, зашто лани во Минск, колку и да дадовме сѐ од себе, тие беа подобри. Сега направивме сѐ, секоја чест за тренерот Раул, имавме анализа на секој потег на секој ракометар од противничкиот тим. Кога вака ќе се подготвиш за некој меч, иако игравме со многу повредени ракометари не можеш да загубиш“, изјави средниот бек, Игор  Карачиќ, кој седумпати ја затресе мрежата на противникот.

Дибиров беше најефикасен во триумфот на Вардар со 8 голови, Карачиќ постигна 7, Тоскиќ 4, а Петриќ, Брумен и Чипурин со по 3 гола го завршија натпреварот Кај гостите Рутенка и Нинчевиќ со по 7 гола беа најдобри поединци во нападот.

Во последните два натпревари Вардар ќе се бори за втората или третата позиција во групата, што може да му донесе условно полесен противник во осминафиналето на елитното клупско натпреварување.

По денешниот триумф Вардар освои 8 бода и го осигура 4-то место на табелата во Ц групата, кое носи во Топ 16 фазата од елитното натпреварување.

Инцидентите помеѓу Комитите и полицијата ескалираа за време на полувремето, на кое скопскиот тим замина со водство од 14:11. Вториот дел Вардар го започна поубедливо и поорганизирано во нападот, а за 9 минути игра направи комотно водство од 20:14.