Вардар води со 2:0, големо албанско знаме се појави на трибините

Иако ФФМ предупреди и најави дека ќе го прекинува мечот за секој националистички испад, навивачите на Шкендија, познатите „Балисти“ со големо албанско знаме и скандирања за Голема Албанија и Илирида го одбележаа стартот на мечот.

ФФМ со соопштение уште завчера предупреди дека нема да дозволи на дерби дуелот во рамките од 11 коло од Македонската Прва фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар да добие сценарио како инцидентите во Белград.

По 25 минути игра, Шкендија губи со 2:0 од Вардар.