Спорт

Вардар загуби од Фленсбург, но ги задржа шансите за настапна Ф4

Вардар загуби од Фленсбург, но ги задржа шансите за настапна Ф4

Ракометарите на Вардар се поразени во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите на гостувањето кај Фленсбург со 24:22 (13:14). Поразот од два гола значи дека „црвено-црните” имаат реални шанси да се пласираат на фајнлфорот во Келн, бидејќи реваншот ќе го играат во сабота на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски” .

Македонскиот шампион играше одлично во текот на целиот натпревар, а на почетокот од второто полувреме успеа да поведе со два разлика (15:13). Но, падот на концентацијата во вториот дел на второто полувреме им овозможи на домаќините да се одлепат на три голови 20:17, а избраниците на Раул Гонзалез Гутиерез, до крајот на натпреварот успеаја да анулираат еден гол. Имаа  можност во финишот да намалат и на еден разлика, но не ја искористија.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Игор Карачиќ со 9 голови, а Петар Ангелов беше маестрален на голот со 18 одбрани.