Вардарци на прослава по натпреварот (Ексклузивно фото)

Македонскиот ракометен шампион Вардар е нов европски првак, откако во неверојатна драма во „Ланксас арената“ го совлада ПСЖ со 24-23 и првпат во историјата стана шампион на стариот континент.

Синоќа илјадници граѓани се собраа на плоштадот „Македонија“ за да ја прослават победата на Вардар во Лигата на шампионите.

Стотици фанови на Вардар, еуфрично ја славеа победата и пред хотелот во кој се сместени ракометарите. Прослава за победата на Вардар беше организирана и во Келн.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој заедно со својата сопруга беше на трибините во Арената во Келн и на синоќешното финале ПСЖ и во полуфиналето против Барселона, бил поканет на прославата.

18901514_10212190661748991_1933337447_o

18926555_10212190662349006_2082961299_o (1) 18927020_10212190661828993_666563036_o 18927207_10212190662189002_948448970_o 18927298_10212190662109000_868902603_o

Тој на ракометарите им ја честитал победата, и по краток разговор со присутните за спорсткиот успех на Вардар и на Македонија, Груевски заминал од ресторанот.

Тој по завршувањето на натпреварот вчера, на својот ФБ профил напиша: Браво момци!!! Вардар од Македонија Европски шампион!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.