Вардарци најавија освојување и на Железарница

Поради велигденските празници, денеска ќе бидат одиграни сите натпревари од 28. коло во македонската Прва фудбалска лига.
Дерби натпреварот ќе се одигра на „Жерезарница”, каде актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар ќе се обиде да забележи триумф во дуелот против секогаш незгодниот тим на Металург.

Победа на жешкото гостување најави и словенечкиот интернационалец во дресот на Вардар, Анеј Ловречич.

„Очекувам победа, ако одиграме како што ги одигравме претходните три натпревари нема од што да се плашиме. Работевме и се спремавме максимално за овој натпревар, атмосферата во соблекувалната е на многу високо ниво и верувам во нашите сили за да го добиеме овој натпревар“, изјави Ловречич.

Лидерот на првенствената табела, тимот на Работнички ќе се обиде да забележи позитивен резултат во дуелот против домашниот тим на Ренова, а фаворитот од сенка, кога е во прашање шампионската титула, тимот на Хоризонт од Турново важи за апсолутен фаворит во дуелот против фенерџијата на првенствената табела, Гостивар.

Денеска на програмата: Металург – Вардар, Гостивар – Хоризонт Т., Македонија ЃП – Шкендија, Напредок – Брегалница, Пелистер – Еуромилк, Ренова – Работнички.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.