Вардарци против Барса на Кире и Борко во полуфиналето на Ф4 од ракометната ЛШ

Ракометарите на скопски Вардар го добија тешкиот противник – каталонскиот гигант Барселона за којашто настапуваат двајцата македонско репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски, одлучи жрепката на Европската ракометна федерација која се одржа во Келн, каде што ќе се игра финалниот турнир на четирите најдобри екипи од ракометната Лига на шампионите.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат унгарски Веспрем и француски Пари Сен Жермен.

Финалниот турнир се игра во Келн на 3 и 4 јуни. Вардар се пласираше во „финалната четворка“ преку елиминацијата на Фленсбург, Барселона беше подобра од Кил, ПСЖ го совлада унгарски Пик Сегед, а Веспрем во унгарско-францускиот дуел возврати со елиминирањето на Мнепејле.

Вардар е дебитант на турнирот, во четвртиот обид. Екипата на Барселона, пак, е единствената екипа од овие четири која досега има триумфирано во Лигата на шампионите, а за „блау грана“ ова ќе биде шести настап во осумте досегашни заврши „Ф4“ турнири.

Унгарскиот првак Веспрем, кого Вардар сезонава го совлада во финалето на СЕХА лигата, ќе го има своето четврто во учество во серија, додека втора година по ред во Келн ќе играат и ракометарите на ПСЖ.

Пред жрепката, македонската јавност го посакуваше Веспрем како идеален противник за Вардар во полуфиналето, бидејќи меѓусебниот скор сезонава е на страната на скопскиот тим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.