Вардарци против Вакер Тун ќе се воигруваат за ПСЖ

Македонскиот ракометен шампион Вардар в недела од 18 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски” во рамките на 9. коло го пречекуваат швајцарскиот Вакер ( Тун).

Швајцарците лесно ги совладавме на првиот натпревар на гости, па затоа тренерот Раул Гонзалез Гутиерез, на овој натпревар ќе се обиде да проба нешто ново во играта на „црвено – црните” , што би им користело на дуелот во последнот коло од групната фаза, против ПСЖ. 

“Пред нас е натпревар кој нема голем притисок како минатонеделниот, и ќе ни помогне да се обидеме да внесеме некои новитети во играта, тактички детали кои ќе ни бидат потребни во следните натпревари, а истовремено ќе ги следиме и нашите ривали, за да видиме какви ќе ни бидат шансите за повисок пласман во групата. Се разбира дека и на овој натпревар ќе влеземе максимално сериозно, како што и трениравме во текот на изминатата недела. Вакер Тун ќе допатува во комплетен состав, и мислам дека тие се хомогена екипа. Не треба да не залажува тоа што во првиот натпревар ги совладавме со голема разлика, затоа што минатата недела тие беа рамноправни цели 25 минути против Барселона, која оттогаш создаде висока разлика” , изјави Гутиерез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.