петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Вардарки атакуваат на победа на гостувањето кај Савехоф

Вардарки на овој дуел ќе атакуваат на победа со која ќе ги зголемат шансите за освојување на второто место во групата, а со тоа и полесен противник во четвртфиналето

Вардарки атакуваат на победа на гостувањето кај Савехоф

Вардарки атакуваат на победа на гостувањето кај Савехоф

Последни вести

Ракометниот првак на Македонија ЖРК Вардар вечерва гостува во Шведска кај екипата на Савехоф во меч од последното коло на втората групна фаза во Лигата на шампионките.

Вардарки на овој дуел ќе атакуваат на победа со која ќе ги зголемат шансите за освојување на второто место во групата, а со тоа и полесен противник во четвртфиналето. Сепак, покрај победата на црвено-црните, за освојување на второто место услов е и триумф на екипата на ЦСМ Букурешт во дуелот со првопласираниот тим на Ѓер.

Натпреварот Савенхов – ЖРК Вардар ќе се игра вечерва од 19 часот, а е во рамките од 2-та група во која преостанатите две средби, ЦСМ Букурешт – Ѓер и Будуќност – Митјиланд ќе се играат в недела.

Во групата 1, за утре закажан е дуелот Ференцварош – Баја Маре, а ден подоцна ќе играат, Турингер – Ростов Дон и Флори – Ларвик.

Табела – група 1: Ростов Дон 17 бодови, Ларвик 10, Баја Маре 10, ФТЦ Ференцварош 10, Флери 6, Турингер 1.

Табела – група 2: Будуќност 13 бодови, Ѓер 13, ЖРК Вардар 12, Букурешт 9, Митјиланд 5, Савехоф 2.

Најчитани вести