„Вардарки“ извојуваа важна победа против Лајпциг

Ракометарките на Вардар славеа над Лајпциг со 26:20 (10:9). Избраничките на Индира Кастратовиќ победата ја обезбедија во последните 15 минути од мечот, а за триумфот најзаслужна беше Ина Суслина која имаше 15 одбрани.

Со тоа „Вардарки“ се пробија на третата позиција во првата група со 7 бода, еден повеќе од денешниот ривал и од Турингер, екипа која има меч помалку.

Покрај Суслина во тимот на Вардар се истакнаа Алтхаус со шест, односно Радичевиќ и Николиќ со по пет гола. Најефикасна кај Лајпциг беше Кудлач со пет голови.

Во наредното коло ЖРК Вардар ќе му гостува на Крим Меркатор.

фото: Република