Вардарки нема да му излезат со бело знаме на Будуќност

 Ракометарките на Вардар СЦБТ  дека ќе се борат до последните атоми сила на фајнл форот во Лигата на шампионите во Будимпешта (3 – 4 мај).

“Покрај тоа што зацртаното го остваривме, не би било спортистки доколку не се надеваме на највисок пласман. На овој турнир нијанси ќе одлучуваат кој ќе биде победникот. Цел месец се подготвувавме, мотивирани сме, желни за игра и одиме да се надигруваме. Будуќност е поискусна екипа од нас, ние сме првпат во полуфиналето, но нема предавање“, изјави тренерот на “црвено – црните” Индира Кастратовиќ.

Десното крило на Вардар, Црногорката, Јованка Радичевиќ, очекува на 3. мај да го одигра најдобреиот натпревар сезонава.

“Очекувам на 3 мај, Вардар да го има најдоброто издание сезонава. Имаме квалитет, мотив, желба да се прикажеме во добро светло. Треба да одиграме со мирна глава. Јас сум професионалец, иако потекнувам од редовите на ривалот од полуфиналето, на секој натпревар посакувам победа, независно кој е противникот“, вели  Радичевиќ,  поранешната ракометарка на Будуќност.

Вардарки утре заминуваат за Будимпешта, полуфиналето со црногорскиот шампион се игра в сабота со почеток во 17.30 часот, додека првото полуфинале меѓу европскиот првак и Ѓер и дански Митјиланд почнува во 15 часот.

Во недела се играат натпреварот за 3.место од 14:30 часот и финалето со почеток во 17 часот.