Вардарки подготвени да му одржат лекција на Митјиланд

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ денеска (18.00 ч) во СЦ “Борис Трајковски” ќе го одиграат натпреварот во третото коло во првата четвртфинална група во Лигата на шампионите, против данскиот Митјиланд. Со оваа победа Вардар ќе бидат многу близу до пласманот на завршниот турнир во Будимпешта, на почетокот на мај годинава.

“Максимално сме сконцентрирани на овој натпревар и едвај чекаме да истрчаме на теренот. Митјиланд е добар тим со многу квалитетни ракометарки, но за разлика од драмата против Савехоф, овојпат ќе бидеме многу подобри “, изјави бекот Алисон Пино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.