Спорт

Вардарки подготвени за нови победи во ЛШ

Вардарки подготвени за нови победи во ЛШ

Ракометаките на ЖРК Вардар СЦБТ, викендов ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите, а прв нивен противник ќе биде екипата на Турингер (Германија). Вардарки в неделаво 18 часот во СЦ “Борис Трајковски”, го пречекуваат германскиот шампион, кој е познат по својата брза игра.

Токму затоа на овој натпревар „црвено – црните” ќе мора да ја забават нивната игра, доколку сакаат да ги освојат првите два бода во четвртфиналната фаза во ЛШ.

„Стартувавме во втората фаза со Турингер, сериозна екипа која игра одличен ракомет. Долго време се подготвуваме, и ја анализаираме нивната игра, особено во периодот кога голем дел од ракометарките, беа отсутни и настапија за своите репрезентации на Светското првенство во Србија. Подготвени сме максимално, очекувам да стартуваме со победа. Тоа е нашата цел“ , изјави тренерот Индира Кастратовиќ.

Слично размислува и најдобрата ракометарка за 2013 година Андреа Лекиќ.

„Некои велат дека нашата група била послаба, но сне се согласувам со тоа. Можеби е така само на хартија, но верувајте, сите кои обезбедиле пласман меѓу 8- те најдобри, никако не може да бидат лоши. Ме радува што сите се здрави, и подготвени за вториот дел од сезоната. Турингер е тежок и незгоден противник, играат брз ракомет, но јас секогаш велам дека одиме на победа, особено кога играме пред нашата публика, и затоа сме максимално мотивирани“ изјави Лекиќ.