Вардарки ремизираа со Турингер, Ф4 ќе бркаат против Савехоф

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ настап на фајнл форот во Будимпешта ќе бркаа на последниот натпревар од главната фаза во Група 1, против Савехоф на домашен терен, откако на гостувањето кај Турингер ремизираа – 24:24.

Избраничките на тренерот Индира Кастратовиќ, одлично го отворија натпреварот и веќе во 20. минута од натпреварот имаа предност од седум голови (12:5), потоа следеше пад на концентрацијата и на полувремето заминаа со предност од три голови (15:11).

Во вториот дел Германките, уште на почетокот успеаја да ја анулираат негативата (15:15).Од овој момент се играше гол за гол, успеавме да направиме предност од два гола во финишот од натпреварот (24:21), но не успеавме да го задржиме водството и му дозволивме на противникот да изедначи.

Во последниот напад згрешивме , а Турингер не успеа да го реализира ударот од девет метри за победа. Нaјефикасна во македонскиот тим беше Андреа Лекиќ со 10 голови.