Бразил2014

Варела побрз од судиското свирче

Варела побрз од судиското свирче

Без победник, 2:2, заврши вториот натпревар од второто коло во групата “Г”, дуелот помеѓу директните ривали за првите две позиции, кои гарантираат настап во следната рунда, репрезентациите на Португалија и САД.

Поголема причина за незадоволство од конечниот резултат мора да имаат репрезентативците на САД кои во 95 минута ја прокоцкаа минималната предност која ќе се покажеше како доволна за пласман во 1/8 финалната рунда.
Португалија дојде во водство со погодокот на Нани, на 1:1 израмни Џермејн Џонс, а нов погодок на своето конто запиша искусниот крилен напаѓач, Клинт Демпси.

Израмнувачкиот погодок, постигнат во 95 минута беше дело на напаѓачот на Порто, Силвестре Варела.
И репрезентативците на САД и тие на Германија ќе обезбедат пласман во следната рунда доколку нивниот меѓусебен дуел заврши без победник.