Варичелата зема замав во Куманово – заболеле 110 лица

Сто и десет лица заболеле од варичела во месец декемвриво Куманово, информираат од Центарот за јавно здравје.

Од таму пренесуваат дека ваквата бројка претставува зголемување на заболените во однос на периодите во октомври и ноември, кога биле регистрирани 60 односно 70 заболени лица.

„Според возраста најголем број заболени од варичела се деца до шестгодишна возраст. Во оваа категорија лани имало 334 евидентирани. Во старосната граница од 7 до 19 години има 258 регистрирани и 20-тина возрасни лица“, вели Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје.

Ова заболување според епидемиолозите најчесто поминува со лесна клиничка слика во период од две до три недели. Кумановските епидемиолози препорачуваат хигиено-диететски режим, често проветрување на просториите, како и мирување и изолација на заболените.